Полни стипендии за студирање во Јапонија

Редовниот конкурс за стипендии за студирање во Јапонија кои ги доделува Владата на далекуисточната земја е отворен за апликации. Станува збор за полни стипендии за додипломски студии по општествени и природни науки на јапонските универзитети.

Полни стипендии за студирање во Јапонија

Доделените стипендии ќе можат да се искористат во период од пет години (април 2015 до март 2020), вклучувајќи една година подготвително образование по јапонски јазик и други предмети. За студентите кои ќе добијат стипендии за студии по медицина, стоматологија, ветеринарство или за шестгодишна програма по фармација, стипендиите ќе важат седум години (до март 2022).

Рокот за пријавување е различен за секоја земја, а кандидатите од Македонија, за сите информации поврзани со роковите, условите и можноста за пријавување, можат да се обратат до Амбасадата на Јапонија во Скопје.

Извор