Користејќи ја достапноста на новите технологии за снимање од голема височина, германскиот фотограф Bernhard Lang со помош на квадкоптер слика исклучиво од птичја перспектива. Во својот последен проект, тој ги претставува плажите на италијанскиот дел од јадранското крајбрежје, меѓу Равена и Римини, добивајќи како резултат интересни геометриски композиции.