Во петок (12 септември) во Галеријата „Хотел Марија Капел” во Хорн, Холандија, ќе се отвори изложбата „Schizomechanics” на групата ОПА, која ја реализираат уметниците Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски.
Изложбата е резултат на едномесечниот престој на ОПА во центарот за современа уметност „Хотел Марија Капел” и е воедно дел од проектот „OPA Professional”.
Според најавите, на неа ќе бидат претставени шест монументални цртежи создадени во Хорн, кои реферираат на творештвото на ситуационистот Џузепе Пино-Галицио.
Кураторка на изложбата е Irene de Craen, а поставката ќе биде отворена за посетители до 11 октомври.