[Unknown 2014] Повикување на дождот преку „ритуални церемонии“

Втората вечер на Unknown помина во знакот на романтичниот настап на London Grammar, меката селекција на Jamie XX и енергичните сетови на Seth Troxler и George Fitzgerald.

header

Пристигнавме навреме за да го проследиме емотивниот настап на London Grammar на Главната сцена. На момент не вчудоневиде фактот дека гласот на вокалистката Hannah Reid, а и песните во целост, звучеа далеку подобро од нивните студиски, „испеглани“ верзии. Внесеноста на Hannah во песните кои ги исполнуваше, резултираше во огромна поддршка од публиката, како и нејзино целосно поврзување со текстовите на London Grammar, исполнети со многу метафори и лични приказни на бендот. При крајот на настапот го изведоа и саундтракот на филмот „Drive”, прекрасната Nightcall на Kavinsky, кој доби „помека“ нишка поради одличната изведба на Hannah. За самиот крај ги оставија најголемите хитови “Strong” и “Metal and dust” кои го направија овој концерт на London Grammar,кандидат за „најроматичен состанок на 2014“.

london grammar

Одејќи кон Шумата, повторно застанавме кај Малата Медина. Како и вчера, диџеите од “Just a little” (сега знаеме како се вика нивното crew J ) ги забавуваа присутните кои решиле да одморат од тешките техно звуци кои допираа од околните сцени. Вештите раце на диџејот ни покажаа дека скречувањето на блуз не само што е возможно, туку може и да звучи фантастично. Во Шумата, Gerd Janson ја забавуваше публиката со енергичен избор на techno, измешан со tribal, disco и funk моменти. Генијално изведениот дизајн на племенски мотиви на сцената позади него ја надополнуваше „племенската“ атмосфера која Gerd ја направи. Дождот кој започна ситно да паѓа 20тина минути пред настапот на Jamie XX не ја спречи целата публика на фестивалот да се „слее“ кон Шумата и сцената таму. Jamie XX реши да ги изненади фановите со селекција на стари диско песни, умешно измиксани во funky flow. „Загревајќи“ ја публиката во првата четвртина од сетот, Jamie потоа премина во неговиот класичен „мек“ бас стил. Како што се засилуваше дождот, така и атмосферата растеше до точка на вриење. Скоро сите посетители на фестивалот, храбро и во мантили за дожд, се забавуваа на несекојдневниот сет на Jamie XX.

atlantis

Од Планината пак, доаѓаа acid house звуците на Jennifer Cardini. Иако имаше малку публика дојдена за да ја слуша токму неа (поради поклопувањето на нејзиниот сет со тој на Jamie XX), Jennifer посветено „работеше“ на анимирање на присутните. На сцената насловена како Атлантис, која вчера беше официјално отворена, главна ѕвезда беше Seth Troxler.

troxler

Исто како и на Планината, на почетокот пуштајќи музика за малкубројна публика, Атлантис почна да се полни во текот на неговиот енергичен techno и house сет. Назад во Шумата, George Fitzgerald им посака „добро утро“ на своите фанови со сет наменски направен за празнење на последните цртички на батериите на присутните. Фановите на техно звукот оваа вечер имаа тешка дилема помеѓу сетовите на Jamie XX, Seth Troxler и George Fitzgerald кои им беа понудени. Ова ги објаснува и врволиците посетители кои постојано се движеа од Шумата кон Атлантис и обратно.

fitzgerald

Денес на програмата се Paint fight – „борбата“ со бои, вториот дел од dance off-от Disco Dodgeball, како и настапите на Ten Walls, Moderat, Ame, Heidi, Paramida .

Јована Ѓорѓиовска