Голем број студенти утрово го блокираа влезот во зградата на ректоратот на Универзитетот во Приштина. Тие протестираат поради изборот на Рамадан Зејнулаху за ректор на оваа високообразовна институција, јавува Танјуг.
Еден од организаторите на протестот, студентот Рифат Красниќи, во изјава за медиумите во Приштина, вели дека нерегуларностите кои во континуитет се повторуваат биле причина за денешниот протест.
„Ние денеска одлучивме да го блокираме влезот во ректоратот со оглед на тоа што е направено кршење на прописите во текот на избор на ректор, бидејќи го избрал неговиот баџанак ( сопруг на неговата сестра). Исто така ние не сакаме да доаѓаатректори кои не се способни , кои не се менаџери, кои научните трудови ги објавуваат во непостоечки списанија“, вели Красниќи.
Пред само шест месеци студентите со протести издејствуваа оставка на тогашниот ректор поради објавување докторска дисертација во непостоечко списание.
Извор: Танјуг