Во среда, 17.09, на 35-тото издание на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“ во селекцијата Македонска панорама ќе бидат прикажани кратките играни филмовите „Аудиција”, „Враќање” и „Шекспирова 9/1“ и документарниот филм “(Вон)земјанинот Ли“.
„Аудиција“, „Враќање“ и „Шекспирова 9/1“ ќе можете да ги погледнете од 11 часот во Големата сала, а додека „(Вон)земјанинот Ли” во Малата сака од 22 часот.
Филмовите „Аудиција”, „Враќање”, „(Вон)земјанинот Ли” се во продукција на Факултетот за драмски уметности од Скопје, а додека „Шекспирова 9/1“ е копродукција помеѓу Факултетот за драмски уметности и Круг Филм.
„Аудиција”, „Враќање” и „Шекспирова 9/1″ се реализирани со средства од Филмскиот Фонд на Р. Македонија. За време на проекциите ќе бидат присутни авторите на сите 4 филма, како и претставници од ФДУ и Круг Филм.