„Ние продолживме со активности во рамки на проектот „Стоп за предрасудите”. Проектот во изминатиот период се реализираше со поддршка на моите пријатели. Во проектот беа вклучени луѓе со проблеми. Во правец на понатамошна одржливост на проектот за “стоп за предрасудите”, ние продолжуваме да ги поддржуваме активностите за намалување на предрасудите помеѓу младите“.
Ова е описот кој стои под видеото кое пред два дена беше прикачено на Јутјуб, а како реакција на неодамна објавените две видеа направени во рамки на проектот „Безбедни училишта – хармонична средина“ на Министерството за внатрешни работи, а поддржани од Мисијата на ОБСЕ во Македонија. Иако пораката во двете видеа треба да биде „Кажи НЕ на насилството“, фокусот на јавноста деновиве е свртен кон предрасудите и стереотипите во нив, каде што припадниците на „андерграунд“ заедницата се прикажани како насилници и отпадници од општеството, додека се прифаќаатт оние млади кои се конформисти.
Радио МОФ ги објавува и двете видеа во продолжение – првото насловено „Кажи НЕ на предрасудите“ како реакција на второто „Кажи НЕ на насилството“ – направено во рамки на проектот за безбедни училишта.