Приморската убавина на малото градче Ровињ, модерно уредениот камп Амарин, близината на кристално чистата морска вода и сончевата плажа, со љубов изработените уметнички инсталации, опуштената атмосфера во шумата и големиот број на забави на брод и на островот Катарина, беа главните адути кои го формираа интимното доживување наречено Unknown 2014.
Иако е релативно млад фестивал, овогодинешното издание на фестивалот Unknown собра голем број посетители кои се забавуваа на ѕвезди од калибарот на Moderat, London Grammar, Jungle, Disclosure, Chic ft Nile Rogers, TEED, Jamie XX и многу други.
Во продолжение погледнете ја галеријата од Unknown 2014 – совршен спој на добро одбрана локација, квалитетна музика и прекрасни уметнички инсталации.