Во рамки на неделата на Промоција на хумани вредности, што е дел од стратегијата 2020 на Црвен крст на РМ, од 21-27 септември, годинава се организира заедничко танцување, познато како „флеш моб“. За таа цел подготвена е кореографија на песната Happy (Среќен) од Фарел Вилијамс од страна на професионален танчер, која веќе неколку недели се подготвува во општинските организации на Црвен крст.
Настанот во целата држава ќе се одржи на 27 септември со почеток во 12 часот на плоштадите во секој град каде има канцеларија на Црвен крст.
Преку танцувањето младинците ќе испратат порака за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, взаемната доверба и разбирањето кои се најдобрите гаранции за мир и соживот.
Извор: Оhridnews