Турската влада ја укина забраната за носење на муслимански шамии во гимназиите и средните училишта во земјата.
Како што соопшти турскиот вицепремиер Булент Аранч, владата донесла одлука со која се дозволува носење на муслимански шамии во гимназиите и средните училишта во земјата.
Оваа одлука е донесена на вчерашната владина седница, објави електронското издание на турскиот весник „Хуриет“.
Владата на исламистичката Партија на правдата и развојот (АКП) ја укина забраната за носење на муслимански шамии на турските универзитети во 2011 година, а лани беше укината и таквата забрана за во државните институци и Парламентот.
Турските медиуми јавија дека одлуката за укинување на забраната за носење на шамии во средните училишта предизвикала незадоволство меѓу секуларните опозициски партии и синдикатите.