Централната банка на Норвешка ги објави победниците на конкурсот за дизајн на новите банкноти во земјата, кој беше распишан пролетва. Одлучено е норвешката круна отсега да се печати на банкноти кои се комбинација на две испратени визуелни решенија: страната на која е напишан апоенот на банкнотата е дизајниран од Are Kleivan и Christian Schnitler (The Metric System). Спротивната страна на банкнотата, пак, која содржи само пикселизирана естетика, е дело на студиото Snøhetta Design.
Еве го невообичаениот избор на Норвешката централна банка за изгледот на новите банкноти: