Во петок (10 октомври) ќе се отвори новата сезона на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности (ФДУ).
Отворањето е закажано за 20:30 часот со претставата „Сон на летната ноќ“ – испитната вежба од катедрата на Театарска режија во класата на вон. проф. М-р Златко Славенски и асс. М-р Куштрим Бектеши, а во режија на Драгана Стојчевска. Во претставата играат играат Бојан Лазаров, Мирко Голомеов, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ и Никола Кузелов.
Секој петок, бесплатно ќе може да се проследат испитни претстави и филмови од студентите на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Целта на Академска сцена е да се поттикне развојот на студентското културно и уметничко творештво, преку негова сценска промоција и афирмација.