Францускиот писател Патрик Модијано е добитник на годинешната Нобелова награда за книжевност, соопшти Шведската академија во Стокхолм.
Францускиот книжевник, автор на романите “Во кафулето на изгубената младост”, “Родослов” и “Лакомб Лусијен”, по кој е снимен филм, беше е еден од фаворитите на обложувалниците кои ги истакнаа шансите за добитниците.
Патрик Модијано е роден во 1945 година, во париското предградие Булоњ-Бијанкур. Тој претходно е добитник на Австриската државна награда за европска литература, како и на наградата за животно дело „Чино Дел Дука“ од Францускиот институт во 2010.
Нобеловата награда за книжевност носи паричен износ од 8 милиони норвешки круни (нешто помалку од 1 милион евра).