Во Младинскиот културен центар денеска во рамки на фестивалот на нови медиуми „Intermedia Day“ ќе биде отворена изложбата на графики „Светла и сенки“ од бугарскиот уметник Иван Шопов.
Во поставката се над триесет графики што Шопов ги има креирани во последните неколку години.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и Културно-информативниот центар на Бугарија во Република Македонија, додека иницијатор е „Скопје Вавилон“.
Шопов е мултиталентиран креативец, кој издава и музика под псевдонимите COOH и Balkansky, ѝ припаѓа на младата генерација ликовни автори. Дипломирал на Софиската национална академија на уметностите, како првенец на генерација, а од 2008 година почнува да ги изложува своите дела низ Европа. Во 2011 година го објави компилациското ЦД „Светла и Сенки“, кое содржи негови ликовни дела во дигитален формат.