Уметникот Clive Madison со помош на обична жица прави несекојдневни скулптури на дрвја чии гранки и лисја израснуваат од дрвена основа. Секое парче се прави рачно, без употреба на лепаци или лемење, туку уметникот „едноставно“ ги плете нишките од жицата кои почнуваат во основата за да ги разграни на врвот. Погледнете дел од неговите последни дела инаку достапни во „Lee Champman Gallery“.
Извор: Colossal