Свечено затворање на „Џифони Македонија“ и хуманитарна акција

Вечерва во киното Милениум се затвора уште едно успешно издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија”.

1397970_527825370637222_1814658402_o2

Програмата што ја понуди фестивалот во изминатите пет дена, на младите учесници од категориите +10, +13 и +16 години им овозможи на интересен и забавен начин да дознаат повеќе за себе, за другите, за пријателството, филмот и културата воопшто. Агенцијата за филм на Република Македонија и Здружението за ширење на филмската култура Џифони – М во рамките на фестивалот ги вклучija и децата од Домот без родители „11 Октомври“. Дваесет и пет деца од Домот денеска бесплатно во киното Синеплекс ќе го проследат филмот „Exit Marrakech“, а уште 20 деца заедно со младите 10+ ќе ја посетат Кинотеката на РМ и гледаат филмот „The Great Bear“.

2013-10-20-3-Kontraplan-@-LedZeppelin-Igor-Kostov-0323

Свеченото затварање најавено за 20 часот во кино „Милениум“ ќе биде посветено на младите кои се креатори на фестивалот, нивните дела и самостојни креации создадени на работилниците во Џифони и на хуманитарна акција за децата од Домот без родители „11 Октомври”.

2013-10-21-Aneta-Shemkoska-0061

„Младите дел од Џифони Македонија ќе ја покажат својата хуманост како највозвишена човекова особина преку донација на средствата кои ќе бидат собрани од продажбата на своите дела и креации создадени во текот на петте фестивалски дена и преку самостојни донации“, соопштија од „Џифони Македонија”.