Книжевни разговори со Венко Андоновски во „Браќа Миладиновци“

Книжевни разговори со Венко Андоновски во „Браќа Миладиновци“

фото: Нова Македонија

Книжевни разговори со писателот Венко Андоновски ќе се организираат утре (16 октомври) во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Повод за разговорот е романот „Ќерката на математичарот“, носител на престижната наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2014 година.

Во рамките на Книжевните разговори со Андоновски ќе се опфатат и темите кои ги третират вредносните системи, актуелниот миг, книжевните награди, генерациското обновување и промоцијата на македонската книжевност.

Книжевните разговори ќе се одржат во Спомен-собата на Миладиновци, со почеток во 19.00 часот, а ќе ги води Братислав Ташковски. Делови од наградениот роман на Андоновски ќе интерепретира актерот Томе Витанов.

Извор