Британскиот карикатурист Ralph Steadman е најпознат како илустратор во делата на новинарот и писател Hunter S. Thompson (авторот на „Fear and Loathing in Las Vegas“, книга по која Terry Gilliam го сними истоимениот филм)
78-годишниот Steadman покажува дека возраста не е пречка за неговата креативност и умеење – тој, во соработка со авторот на серијата „Breaking Bad“, Vince Gilligan, деновиве ги претстави најновите илустрации на ликовите од серијата, кои ќе бидат искористени за специјална едиција на насловни слики за блу-реј изданието на „Breaking Bad“ за американскиот пазар, кое ќе се продава од февруари следната година.