Во рамки на проектот „Македонија без отпад“ вo сабота низ цела држава ќе се реализира националната акција за чистење на отпадот „Македонија без отпад“.
Акцијата се одржува трета година по ред и ја спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање како дел од проектот „Македонија без отпад“.
Настанот треба да поттикне активирање на јавноста на Македонија за чистење на расфрланиот комунален отпад, едукација за правилното отстранување, како и за штетите предизвикани од непланското фрлање отпад.
Акцијата вклучува комбинација на акции за чистење на околината, образовни програми за развој на свеста за позитивните практики на управување со разни видови отпад и промоција на одговорни навики поврзани со отпадот.
Според организаторите, успехот на оваа акција ќе зависи од вклучувањето на широката јавност, организациите, компаните и релевантните институции, националните и локалните власти. Вклучувањето во акцијата се врши преку регистрирање на активност и нуди можност секој да придонесе кон решавање на едно од најгорливите прашања од областа на животната средина во Македонија. Начинот на вклучување е поделен во три категории, акција, едукација и промоција.
Подетални информации за акцијата можат да се најдат на веб страницата на „Ајде Македонија“, www.ajdemakedonija.mk.