„Pmg Recordings„ и „Drop Series“ во сабота ( 18 октомври) ја претставуваат легендата на белградската и балканската техно сцена Марко Настиќ. Настанот наречен „Вселената како култура“ ќе се одржи во Младинскиот културен центар.
Покрај белградскиот диџеј во МКЦ ќе настапат и Видиновски – еден од основачите на Drop Series и косопственик на издавачките куќи Argumento Music Group и Excel Recordings, Мирко Попов – еден од првите диџеи во Македонија и сопственик на култната PMG Recordings и Апостолски – продуцент кој набрзо ќе го има и своето прво издание за Argumento Music.
За видео проекциите задолжени ќе бидат Lazy Kidz Visualz, а дизајнот за настанот е дело на Воислав Димитријевиќ.