Последниве неколку месеци, стравот од еболата се рашири многу брзо низ целиот свет, што доведе до раст на предрасудите кон луѓето што живеат во Западна Африка, област што е најмногу погодени од болеста.
This is beautiful & perfect. End fear, learn something. RT @TheRoot #IamaLiberianNotaVirus http://t.co/9gxSo7aZel pic.twitter.com/zwPdvPOf1b
— My Video My Voice (@myvideovoice) October 17, 2014
Како што раскажува за „Mashable“ ТВ водителката Shoana Clarke Solomon, инаку по потекло од Либерија, нејзината 9- годишна ќерка морала да се справува со предрасудите во нејзиното училиште во Њујорк. Како одговор на ова, Solomon решава да се бори со предрасудите и го прави видеото насловено „Јас сум Либеријка, а не вирус’ (I am Liberian, not a virus).
Anthony Blamo #IamALiberianNotAVirus #EbolaStigma pic.twitter.com/dAj8f5gILW
— Liberian Ent Awards (@LibEntAwards) October 12, 2014
„Замислете некој да му каже на вашето дете „Ти си од Либерија, болен си“, вели водителката во видеото. Таа исто така го употребува хаштагот #IamALiberianNotAVirus, за да ја прошири оваа порака до сите луѓе со барање да престане стигматизацијата кон луѓето со потекло од Западна Африка.