На 30 октомври во Младинскиот културен центар ќе се одржи музичкиот маратон „од Вардар до Триглав“. Настанот е во организација на словенечките организации Кино Шишка, Moonlee Records и Катаман во соработка со МКЦ Скопје, а е подржан од Општина Љубљана и Министерство за култура на Република Словенија.
Музичкиот маратон „од Вардар до Триглав“ предвидува есенска турнеја на три музички групи од три различни града и држави. Тројката: ТИ, Trus! и The John ќе настапат на 23.10 во Кино Шишка / Љубљана, 29.10 КЦ Град / Белград и 30.10 во МКЦ / Скопје, со тоа што програмата во Скопје ќе ја збогатат и The Noise Figures од Грција. Билетите се пуштени во претпродажба по цена од 200 денари на билетарата на МКЦ.