Шпанските студенти од вчера го започнаа најавениот тридневен протест поради растот на трошоците за студирање и кратење на стипендиите.
Студентите од цела Шпанија протестираат поради новиот закон за образование со кој се намалува бројот на стипендии, а поскапуваат школарините. Шпанскиот студентски синдикат соопшти дека голем број од студентите бараат оставка на актуелниот министер за образование, култура и спорт, Jose Ignacio Wert.
#Bloquecritico22O Student demo in #Madrid against austerity and against the reformist unions pic.twitter.com/187MpoGqAq
— Guilhotina.info (@Guilhotinainfo) October 22, 2014
Школарините за шпанските студенти поскапеа за 50 отсто во текот на последните три години, а оваа година бројката на студенти во Шпанија, споредено со претходната е помала за дури 45,000 студенти. Барањата на шпанските студенти се најдоа и на Твитер на хаштагот #Faltan45000(„45000 изоставени“).
#Spain: Striking students movements take to the streets in #Madrid. #BloqueCritico22O p/v @juancarlosmohr pic.twitter.com/7hFPOWYo5G
— ѕyndιcalιѕт (@syndicalisms) October 22, 2014
Исто така се користи #QueHablenLos45000 („Ајде да зборуваме 45 000“), #WertDimision („Оставка за Wert”) и #BloqueCritico22O („Критичен блок 22 октомври“) , преку кои студентите ги искажуваат своите несогласувања со реформите. Најголем дел од оние што протестираат се од високообразовните институции во Мадрид.
Извор: stream.aljazeera.com