Во среда (29 октомври) во холот на Американското катче во Универзитетска Библиотека ќе се одржи вториот Саем за волонтерство организиран од Американската амбасада во Скопје.
Саемот за волонтерство ќе биде отворен од 15 до 18 часот, а на него ќе учествуваат повеќе организации кои имаат потреба од волонтери што ќе помагаат во исполнување на нивната мисија.
Посетителите на саемот ќе имаат можност да научат како може да и помогнат на својата заедница во разни области од фотографија и дизајн, преку работа со млади во насока на подобрување на демократското општество, па до помош при промоција на медиумската транспарентност, сексуалното образование и друго.
Ова е втор ваков саем, по успешниот кој беше организиран на истата локација во месец мај кога повеќе граѓански организации бараа волонтери што ќе им помогнат во работата.
По саемот во Скопје, следниот ден ( 30 октомври) настанот се сели во Битола, во Центарот за култура.