Работилница за градски велосипедизам ќе се одржи утре (30 октомври) во 10 часот во ЕУ Инфо центарот. Воведно предавање ќе одржи Ралф ван дер Зејден директор на “I Bike Belgrad” и поранешен советник во Општина Хаг, по што следува дискусија.
Темата на предавањето на Ралф Ван Дер Зејден ќе биде “Why bike?” или „Зошто точак?” каде ќе биде даден краток преглед со податоци околу велосипедизмот во Холандија, за возењето велосипед во Белград и повеќе градови од Југоисточна Европа.
Дискусијата најавена во вториот дел е насловена „Предности и предизвици на градскиот велосипедизам во Град Скопје. Како да се подобри градот Скопје?“
Во дискусијата ќе може да се вклучат сите присутни. Ќе биде обезбеден симултан превод од англиски на македонски јазик.
Организатори на работилницата се Амбасадата на Кралството Холандија, НаТочак и ЕУ инфо центарот.