Кон крајот на 2014 година, германскиот национален железнички оператор, Дојче Бан и неговите партнери планираат да ги укинат ноќните возови што сообраќаат од Копенхаген до Амстердам, Базел и Прага, како и помеѓу Париз и Берлин и Хамбург и Минхен.
Во недела, кога ќе сообраќа последниот ноќен воз кон Копенхаген, здружението „Пријателите од Данска“ ќе протестираат на три станици низ градот.
За ова прашање е дискутирано во германскиот парламент , а демонстранти веќе протестираа пред седиштето на Дојче Бан.Онлајн кампањата има за цел да изврши притисок врз Германската железница и другите оператори да го запрат или да го одложат укинувањето на ноќните линии со воз.
Овие патувања опфаќаат големи области од северна и централна Европа што ќе станат недостапни преку воз за оние патници кои не можат или не сакаат да патуваат преку ден.
Едно патување со воз од Лондон и Берлин ослободува 7,6 килограми јаглерод диоксид, додека со автомобил се ослободуваат 180, а со авион 126,5 килограми.
Извор: FOEI