Со слоганот „Традиционално горди“, околу 200 учесници денеска беа дел од Парадата на гордоста која се одржа во главниот град на Црна Гора, Подгорица.Настанот мина без инциднети, а собирот го обезбедуваа над 2.000 полицајци. На парадата учествуваа голем број претставници на Владата, градската управа, дипломатски претставници и невладини организации.
Министерот Суад Нумановиќ, по прошетката изјави дека е задоволен што Парадата помина добро.
„Човековите права се добиваат со раѓање и тука нема двоумење. Државата ги почитува различностите и е подготвена да ги заштити ЛГБТИ луѓето. Црна Гора треба да создава еднакви можности за сите граѓани“, порача Нумановиќ.
Шефот на делегацијата на ЕУ во Подгорица, Митја Дробниќ истакна дека сите присутни на Парадата се борци за човекови права.
„ Важно е што Црна Гора покажува дека се повеќе ги штити тие права. Црна Гора веќе денеска почна да го пишува Извештајот за напредок“, порача Дробниќ.
Омбудсманот Шуќко Баковиќ пак изјави дека третата Парада организирана во Црна Гора покажува дека состојбата околу заштитата на човековите права сериозно се менува.
Владата е посветена на заштита на на човековите права, мораме да вложиме напори добрите закони да се применат“, посочи тој.
Парадата почна во 11 часот, а присутните минаа пред поранешната зграда на владата и државниот параламент, каде со концерт заврши третиот јавен собир на ЛГБТ луѓето во Црна Гора.