Храна која би била доволна за да се нахранат две милијарди луѓе се фрла секоја година, пренесе Ал Џезеира.
Неверојатни 1.3 милијарди тони храна или 30 проценти од глобалното производство се губи или фрла годишно, додека 800 милиони луѓе се гладни, говорат податоците на Организацијата за агрокултура и храна на ОН.
Повеќе од 40 отсто од коренестите култури, овошјето и зеленчукот, 20 отсто од семињата, семиња, и 35 проценти од рибата никогаш не доаѓаат до устата на гладните луѓе, објави ФАО.
Во развиените земји, фрлањето на храна обично се случува во домовите или рестораните, кога потрошувачите ги фрлаат производите за кои веруваат дека се скапани, или во продавниците за храна доколку производите не изгледаат совршени и имаат мали флеки.
Расипувањето на храната во повеќето од земјите во развој, најчесто се случува за време на складирањето или транспортот, бидејќи инфраструктурата за ладење и зачувување е често неадекватна.
Извор: Ал Џезеира