Оваа сабота (8 ноември) во Тетово ќе се одржи шестото издание на фестивалот Relive, на кој како главни ѕвезди ќе настапат српските диџеи и продуценти Gramophonedzie и Loco Baby, и со домашна поддршка од Flooder и John Tablone.
Фестивалот е повторно во организација на тетовските клубови „Амнезија“, „Медисон“ и„Републик“ во соработка со ЕЕММ и под покровителство на Хајнекен. Во салата на Спортскиот центар во Тетово фестивалот ќе ги собере младите луѓе од целиот регион кои се желни за добра забава и квалитетна електронска музика.
„Презаситеноста од турбо фолк и кич музика е само мотив плус да организираме што повеќе фестивали и да донесеме што поквалитетни артисти а публиката во тоа не поддржува“, велат организаторите.
Журката почнува во 21:00 часот. Влезниците се пуштени во претпродажба по промотивна цена од 200 денари, од четврток ќе чинат 250, а на влаз 300 денари.