„Не молчи, крени го гласот“ е мотото на протестот против енормното загадување на воздухот во Тетово, закажан за овој петок (7 ноември).
Организатор на протестот е иницијативата против канцерогеното загадување на Тетово, од каде ги повикуваат сите жители на тетовско. Протестот започнува во 13 часот, пред Ц.К. „Иљо Антески – Смок“.