[Фото] Студентски марш во Штип против екстерното на универзитетите

Околу 200 студенти денеска напладне излегоа на студентски марш во Штип за да му кажат „Не“ на предлогот за воведување екстерно текстирање, односно државен испит на универзитетите.

студентски марш штп

Студентите се собраа на Плоштадот „Слобода“ во Штип од каде се упатија кон Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ извикувајќи „Не за екстерно“ и „Придружете ни се“.

рута

Претходно, студентите објавија повик низ социјалните мрежи за поддршка со цел да се искаже незадоволствoто кон најновиот предлог закон на владата, воведување на екстерно тестирање во високото образование.

повик

Како што дознава Радио МОФ од студенти кои излегоа на денешниот марш, најавено е дека дел од нив во текот на денот ќе бидат примени на разговор во Ректорат.