Во сабота, со тргнување од градскиот плоштад во Тетово ќе се одржи 20-та по ред Критична маса.
Иако временските прогнози не одат во прилог на акцијата, организаторите веруваат дека ќе има одѕив со којшто според нив ќе се покаже дека велосипедот „успешно си ја врши работата за превоз низ градскиот хаос и гужви.
Целта на „На Точак“ е популаризацијата на велосипедот како урбано превозно средство.
Мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање за Тетово, многупати досега покажале зголемено присуство на ПМ10 над дозволеното што најчесто е резултат од штетните гасови што ги испуштаат автомобилите.