Јапонскиот мајстор за анимација, 70-годишниот Хајао Мијазаки доби специјално признание на Американската филмска академија кое ќе му биде врачено утре на доделувањето на наградите „Гувернер“.
Тој во 2002 година освои Оскар со филмот „Маѓепсан град“. Покрај тоа што е познат како аниматор, тој е и писател и режисер. Мијазаки најави дека дека до крајот на својот живот ќе прави филмови, но краткометражни.
Покрај него, почесен Оскар ќе добијат и актерката Морин О’Хара, сценаристот Жан-Клод Каријер и пејачот Хари Белафонте.