Уметници од повеќе држави се здружија со цел да внесат светлина во животот на сириските деца бегалци. Нивниот проект за сликање им овозможува на децата да се извалкаат, но и да се изразат креативно.
После речиси четири години војна во Сирија, голем број градови се напуштени, а повеќе од девет милиони луѓе се преселени. Откако нивните заедници се уништени, децата се принудени да се преселуваат и секојдневно да се борат за опстанок и подобрување на нивниот живот.
„Ми недостасува тревата и зелените нешта“, објасни Сидра, еднo од децата вклучени во акцијата.
Извор: The Guardian