Технологијата напредува со далеку побрзи чекори отколку што можеме да ја следиме, а со нејзина помош, постојано се „раѓаат“ нови производи со широка примена – од начини за забава кои некогаш беа невозможни, до продукти кои сериозно го олеснуваат животот. Во оваа листа, ги претставуваме производите кои докажуваат дека иднината, каква што ја замислувавме (и каква што не можевме да ја замислиме), веќе пристигна.
Tile е мобилна апликација која служи за лесно лоцирање на најважните работи кои ги носиме со себе: паричник, клучеви итн. Едноставниот, мал привезок се поврзува со апликацијата и брзо ги лоцира изгубените клучеви, на пример. Еве како работи Tile:
MaKey MaKey е сет на конектори кои можат да ја претворат секоја површина во контролер за видеоигри, софтвер или веб-страници. На пример, ако на вашиот компјутер работи софтвер кој имитира пијано, наместо да ги користите типките на тастатурата за да свирите, го поврзувате MaKey MaKey и свирите со помош на нешто забавно, како овие банани:
Целосно функционална ласерска виртуелна тастатура, која може да се проектира врз каква било рамна површина и ќе ви помогне ако имате проблем со пишување на уредите кои имаат мали екрани.
Апликација што ги брише и ги исклучува сите несакани „џанк“ пораки од вашата електронска пошта:
SCiO е рачен молекуларен сензор, со чија помош можете да испитате многу работи на молекуларно ниво – од состојбата на вашите растенија, до квалитетот на вашата храна. Уредот го скенира молекуларниот „отпечаток“ на објектот што се испитува, кажувајќи им на корисниците брзи и релевантни информации за неговиот хемиски состав. Погледнете како работи овој фасцинантен изум, чие развивање траело повеќе од три години:
Senz е чадор кој може да издржи ветер со брзина од над 100 километри на час:
Дигитален сад за мерење тежина и волумен:
Edyn – систем за контрола во градинарството кој работи на сончева енергија. Системот го следи развојот на растенијата во вашата градина и ви кажува кои растенија добро ќе се развиваат во конкретната средина.
Рачен скенер за слајдови, негативи, фотографии и документи кој работи без потреба од компјутер:
Ласерски наведувани ножици:
Ранец на сончева енергија, со кој никогаш не останувате без батерија на мобилниот уред: