Логоата претставуваат суштински дел во градењето на идентитетот на брендот. Голем дел од денешните познати брендови почнале со скромни логоа. Во 1975 година, Каролин Дејвидсон добила 35 долари за да го развие логото на Nike.
Во меѓувреме, Pepsi даде милион долари за да се развие неговото лого во 2008 година, додека денес постојат компании кои би дале неколку милиони за да го развијат своето лого. Но, што е со првичните логоа на денешните најмоќни компании од областа на технологијата?
Apple
Првото лого на Apple е откриено во 1976 година и изгледа како од ракопис од 17 век. Претставен е Исак Њутон под јаболкницата. Логото е дизајн на Роналд Вејн, основач на компанијата кој се откажа од 10-те проценти што му припаѓаа како дизајнер на логото две недели по неговиот мандат.
Microsoft
Логото на Microsoft преовладуваше со теми од седумдесетите и диско ерата, истакнато дека името на компанијата е сојуз на микропроцесор и софтвер. Најраната верзија на името на компанијата била Micro-Soft.
IBM
Долго време пред Microsoft или Apple, IBM, беше компанија oснована како Меѓународна компанија за мерење време во 1888 година, која го промени своето име во 1924 година во Меѓународен бизнис машини, така што новата ера предизвика ново лого.
Cannon
Деценија подоцна, во 1934 година, два јапонски пронаоѓачи создале камера која била наречена Kwanon, именувана по будистичкиот бог на милоста.
Motorola
Во 1930 година, со седиште во Чикаго, производствената компанија Галвин го објави популарното Моторола радио за во автомобил. Името е микс на „мотор” и „ола”, познат суфикс за менувач на звук.
Новото автомобилскорадиобилотолкав хит што основачот ПолГалвино длучил да го промени името на компанијата воМоторола.
Nokia
Нокиа има свои корени уште од 19 век. Кнут Фредрик Идестам основал мелница во Финска и го зел името на блискиот град. Nokia е исто така фински збор за вид лисица. Модерната компанија е родена кога во 1967 година, се споиле финската фабрика за гума, фабриката на Идестам и финската фабрика за кабли.
На крајот, компанијата ќе го напушти производството од хартија и лисици зад себе префрлајќи се во светот на телекомуникациите и мобилните телефони.
Xerox
Xerox започна во 1906 како компанија за производство на фотографска хартија и опрема. Дваесет години подоцна, Честер Карлсон, иноватор на процесот познат како електрографија ѝ пријде на компанијата за да види дали ќе инвестираат во неговата нова технологија.
Во 1959 година,првиотфотокопир во светот бешео бјавен на пазарот како халоиден Xerox914. Копирот беше толку успешен што компанијата го тргна називот „халоиден“од своето име.
Извор: thenextweb.com