„World of Warcraft“ се врати над 10 милиони играчи

Најновата експанзија на играта „World of Warcraft“ наречена „Warlords of Dreanor“ уште првиот ден е продадена во дури 3.3 милиони примероци, а бројот на корисници кои активно учествуваат во играта се врати над 10 милиони.

„World of Warcraft“ се врати над 10 милиони играчи

Со ова, во светот на игрите од жанрот ММОРПГ (Масивни игри за повеќе играчи играни во прво лице) повторно го владее WoW. Имајќи предвид дека добрата продажба продолжи и во наредните денови, како и тоа што еден примерок чини 50 долари, со натамошен месечен трошок од 13 долари, може да се каже дека компанијата „Blizzard“ оствари сериозен профит.

Долгогодишната франшиза докажа дека и натаму силно напредува, наспроти тоа што многумина прогнозираа постепен пад на играчите и претплатниците. Последните бројки ги демантираа и најголемите скептици, затоа што бројот на играчи надмина 10 милиони, што сепак не е ни блиску до „златните времиња“ на „World of Warcraft“, кога играта имаше 15 милиони корисници.

Извор