На денешен ден (11 ноември) во 1918 година, потпишано е примирје во Првата светска војна, а со капитулацијата на Германија, се завршил дотогаш најголемиот воен судир во историјата на човештвото. Фотографот Michael St Maur Sheil поминал седум години на проектот Fields of Battle – Lands of Peace 14-18 , во кој се оддава почит на жртвите на страдањата од Првата светска војна. Тој фотографирал бојни полиња, претежно на Западниот фронт, во Франција и Белгија, на кои и денеска се видливи трагите од воените разурнувања.
Сцена од меморијалниот парк Њуфаундленд, кој постои во знак на сеќавање на војниците од Кралската канадска регимента кои загинале во битката на Сома. Трагите од гранатите и рововите се уште се видливи денеска
Поле во близина на Верден, кое и денеска ги носи лузните од жестоките борби
Кратерот Лошнагар во близина на Сома, Франција, широк 90 метри и длабок 21 метар – најголемиот кратер во светот направен од човечка активност
Бодлива жица во долината на реката Вајс во Алзас, Франција
Британско извидничко место во близина на Ебитерн, изградено во 1917
Остатоци од муниција за митралез
Месноста Бит де Вокуа во Франција. На врвот на овој рид некогаш имало село, кое е комплетно уништено во гранатирање меѓу 1915 и 1918
Паметник на германски гробишта во Машо, северна Франција
Надгробно обележје на еден од последните недопрени гробови на бојното боле во областа Шампањ. На него е напишано: „Гроб на Едуар Ивалди, водник“.
Неексплодирана граната во близина на селото Пашендале во Белгија
Бојното поле во Бомон Амел, северна Франција, со кратери од гранати и ровови
Извор