Facebook работи на создавање на нова професионална мрежа како ривал на LinkedIn што ќе им овозможи на корисниците да го задржат својот личен профил одвоен од нивниот професионален профил.
Веб страницата карактеристична по сино-белата тема, ќе им овозможи на корисниците да разговараат со колегите, да се поврзуваат со контакти и да соработуваат за документи преку Google Drive и Microsoft апликациите.
Компанијата се надева дека во иднина работодавачите ќе им дозволат на своите вработени да ја користат мрежата за време на работните часови бидејќи во неколку компании тоа е забрането.
„Новата страница ќе изгледа слично како Facebook , со новости и групи, но ќе им овозможи на корисниците да ги одвојат своите лични фотографии од летувања, политички содржини и смешни видеа од нивниот професионален профил“, објавија странските медиуми.
Услугата е планирано да биде бесплатна. Со 864 милиони корисници просечно на ден, компанијата во септември е проценета дека вреди 200 милијарди долари.
Facebook започна како универзитетска социјална мрежа во 2004 година за да достигне бројка од 1,5 милијарда корисници месечно.
Извор: Independent