[Радио МОФ 3.0] Нов дизајн на веб-страницата на Радио МОФ

Радио МОФ ја лансираше новата веб-страница, редизајнирана, со повеќе рубрики, со „плеер“ кој може да се слуша на секој смартфон и со посебен прозорец за гледање на објавените видеа.

Untitled666

Радио МОФ 3.0

Радио МОФ за првпат се појави на 22 февруари, 2011 година, благодарение на неколкумина ентузијасти кои забележаа дека младите во Македонија немаат простор за слободно изразување. Со само неколку рубрики, првиот сајт на радиото набрзо стана претесен за продуцираните содржини.

Untitled11

Радио МОФ 1.0

Од таа причина, пред две години, а со цел да се обезбеди поголем простор за нови содржини, се појави Радио МОФ 2.0. , страницата по која досега бевме препознатливи за нашите слушатели и читатели.

Untitled555

Радио МОФ 2.0

И со Радио МОФ 3.0 продолжуваме по зацртаната патека  – да им дадеме простор за изразување на младите и да креираме содржини кои се од интерес за сите нас.

Радио МОФ е алтернативен онлајн медиум, кој преку продукција на независни и објективни програмски содржини, водени токму од млади автори, се обидува да понуди квалитет, диверзитет и етичност во младинското информирање. Нашата целна публика се сите млади луѓе и сите граѓани чиј интерес е да бидат информирани за статусот на младите во општеството и кои сакаат негово подобрување.