People to People International Skopje-Macedonia во соработка со Агенцијата за млади и спорт го распишува конкурсот за 20 учесници на втората генерација од едукативната програма Амбасадори на мирот. Целта на програмата е да ги поврзе средношколците од Скопје, да ги охрабри да го вложат своето време во развојот како индивидуи, но и да ги искористат нивните вештини за да ѝ помогнат на нашата заедница. Право за аплицирање имаат сите ученици од средните училишта во Скопје.
Програмата се стреми да ги надгради знаењата и вештините на учесниците и практично да се примени она што е научено. Пристапот на учење ќе биде организиран преку техниките на неформално образование. Првата фаза од програмата предвидува:
-Работилница за тимска работа и лидерство- 13.12.2014 од 10:30 до 17:30 часот
-Работилница за спречување говор на омраза со употреба на театарски техники- 20.12.2014 од 10:30 до 17:30 часот
-Дебата (теми: младите и општеството, говор на омраза, сиромаштија и ангажираноста на младите во општествено корисни проекти)- 21.10.2014 од 17:00 до 19:00 часот
-Работилница за проектен менаџмент, медиуми и друштвени мрежи- 27.12.2014 од 10:30 до 17:30 часот
Втората фаза од програмата вклучува имплементирање на настан за заедничка дружба и едукација со децата што го посетуваат Центарот за развој на Ромската заедница-Сумнал што се наоѓа во населбата Топана. Од учесниците ќе се очекува и да се борат против говорот на омраза на Интернет преку спроведување на кампања против говорот на омраза што ќе биде креирана на гореспоменатите работилници. Втората фаза ќе биде спроведена во текот на јануари.
На крајот од програмата на сите учесници ќе им биде издаден сертификат за учество на Втората генерација од едукативната програма Амбасадори на мирот. Повеќе информации за успесите на средношколците од првата генерација Амбасадори на мирот на следниот линк.
Критериум за издавањето на сертификат од People to People International е присуство и ангажираност во текот на сите фази од програмата Амбасадори на мирот.
Апликацијата треба да се преземе од официјалниот веб сајт и да се испрати на ptpiskopje@gmail.com најдоцна до 29 ноември на полноќ. Нецелосно пополнети и апликации испратени после предвидениот рок нема да бидат разгледани.