Почна со работа Балканската дизајн мрежа основана со идеја да даде стратешка поддршка во развојот и промоција на балканскиот дизајн и подигне свест за важноста на дизајнот во процесите на општествен и економски развој.
Мрежата ја основаа Миксер организацијата од Белград, Хрватското дизајнерско друштво од Загреб и Public room од Скопје.
Еден од клучните мотиви за основање на Мрежата е потребата за заедничко стратешко и долгорочно делување на регионалните дизајнерски организации и институции на креирање спони меѓу секторот дизајн и стоапснтво.
Мрежата ќе поддржува истражувања кои се однесуваат на иновации во дизајнот, негов економски аспект, како и изложбени и промотивни активности, размена со образовните институции и соработка со производители.
Една од првите конкретни активности на Мрежата е унапредување на проектот Young Balkan Designers, кој од оваа година на младите балкански дизајнери ќе им понуди можност за дополнително образование и поголема меѓународна видливост на релевантни дизајн манифестации.