Здружението ХОПС-Опции за здрав живот Скопје по повод одбележување на 17 дeкември – Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните работници/чки објавува јавен повик за избор на најдобра новинарска статија на тема: Сексуалната работа во Македонија.
Повикот е отворен за сите новинари од печатените, електронски и интернет медиуми, како и студентите на студиите по новинарство. Статиите може да бидат напишани во било кој новинарски жанр освен интервјуа и да не бидат подолги од 50 реда со новинарски проред.
Можни поднаслови за размислување или истражување:
- Стереотипи, стигматизација, рамнодушност или поддршка – сексуалните работници низ историјата и денес.
- Сексуална работа или проституција. Има ли разлика?
- Доброволност или закана и принуда – митови наспроти реалноста.
- Сексуална работа и трговија со луѓе – митови наспроти реалноста.
- Сексуално и општо здравје. Улогата на сексуалните работници во борбата против ХИВ/СИДА-та.
- Слобода на говор и изразување, на политичко здружување и акција, на пристапот до информации, до здравствени и образовни услуги – интерпретација на овие слободи врз заедницата на сексуални работници.
- Криминализација, легализација, депенализација, декриминилизација, рехабилитација – што е најдоброто решение?
- Правата на сексуалните работници се и човекови права. Како овој концепт се применува во Македонија?
- Сексуалните работници како од решението, а не дел од проблемот.
За најдобрите три текстови според оценка на Комисија ќе следува парична награда:
- прва награда во вкупна вредност 300 УСД,
- втора награда во вкупна вредност 250 УСД,
- трета награда во вкупна вредност 200 УСД.
Избраните статии на 17 декември ќе бидат објавени на web страната на ХОПС, профилот на Facebook.
Сите заинтересирани заедно со статијата треба да приложат и информација за кој медиум работат/работеле и контакт лице за препорака (за активните новинари), или година на студии и контакт лице професор (за студентите по новинарство). Документите треба да бидат испратени најдоцна до 10.12.2014 година до 17 часот на voskren@hops.org.mk .