Владата одлучи да им бидат отстапени 60 тони нафта од државните резерви на училиштата во Општина Кичево, од кои 50 ќе бидат наменети за греење, а 10 за превоз на ученици, пренесе Радио Слободна Европа.
Нафтата ќе биде доволна за до крајот на месец јануари, а општината треба да почне постапка од февруари да обезбедува нафта за своите потреби.
Основните училишта „Кузман Јосифоски-Питу“ и „Владимир Полежиноски“ со околу 1.200 ученици имаат блокирани сметки и не можат да набават нафта за греење. Учениците во овие училишта подолг период не посетуваат настава бидејќи немаат греење.
Извор: РСЕ