Прилеп денеска беше облепен со плакати за случувањата со екстерното/државното тестирање, јавува порталот РеволуционерМк.
На плакатите се забележуваат веќе познатите слогани кои се користеа пред големиот студентски марш во Скопје, како „Не појдов на пленум, бев на кафе“, но и нови креативни реченици кои треба да ги поттикнат студентите на размислување.