Познатата уметница Марина Абрамовиќ е најдобро рангирана уметница на листата за највлијателни личности во светот на уметноста, која на крајот на годината традиционално ја објавува престижниот уметнички магазин „Art Review“.
Абрамовиќ се најде на петтото место на листата на „100 најмоќни“, а „Art Review“ ја опиша како перформанс-уметница која стана вистинска ѕвезда, предмет на почитување, но и инспирација за другите, а покрај се спроведе и успешна кампања за собирање пари за „Марина Абрамовиќ Институтот“, сместен во Њујорк.
Таа оваа година повторно беше актуелна во медиумите со перформансот „512 часа“ изведена во Лондон, а неодамна најави и нов перформанс, овој пат во Сиднеј.
Над неа на листата се рангирани само истакнати сопственици на реномирани музеи и галерии. Така на самиот врв на листата е Николас Серот, директор на Тејт универзитетот, со седиште во Лондон, кој управува со бројни галерии и институции ширум светот, со повлекување на потези и донесување одлуки кои ја дефинираат современата уметничка сцена.
На второ место се најде Дејвид Звирнер кој управува со големи галерии во Њујорк и Лондон, а третото место го зазема Иван Вирт, познатиот галерист со изложбени простор ширум светот, а следната позиција ја држи Глен Д. Лури, директор на прочуениот Музеј на модерна уметност во Њујорк (МоМА).
Меѓу десетте највлијателни личности во светот на уметноста, освен Марина Абрамовиќ, се најдоа уште само двајца уметници: прославениот „крал на кичот“ Џеф Кунс и прочуената фотографка Синди Шерман.
Извор: Б92