МОФ Центарот во Тетово утре со почеток во 11:00 часот ќе одржи прес конференција за младинската акција за обележување на денот на волонтерството.
По повод обележување на денот на волонтерството – 5 декември, Младински образовен форум организира акција за собирање храна и облека, која понатаму ќе биде доставена до социјално загрозените семејства во општина Тетово и руралните места.
Акцијата се спроведува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.