На социјалната мрежа Фејсбук се појави настан во кој се повикуваат студентите во Белград да го поддржат студентскиот марш на македонските студенти што ќе се одржи во среда (10 декември). Настанот е креаиран синоќа, а досега четириесетина лица се пријавиле дека ќе присуствуваат на него.
„Да покажеме дека меѓу колегите и колешките во Србија имаат искрени соборци за правата на студентите. Да ја искажеме нашата борбеност и солидарност, нашата единственот и колегијалност“, се вели во настанот на Фејсбук.
Во описот на Фејсбук настанот стои дека ова е протест во име на солидарност со борбата на колегите и колешките од Македонија против новите реформи во образованието со кои се нарушува квалитетот на образование и неговата достапност до сите социјални слоеви, ја повредува автономијата на универзитетот и ја ограничува слободата на истражување.
Воедно, „Студентски пленум“ на својата Фејсбук страница објави писмо кое го добиле синоќа од студентите на универзитетот „Џорџ Вашингон“ во кое им се искажува поддршка.