„Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“ е темата на средношколскиот конкурс за мултимедијални продукти, организиран од УСАИД во соработка со Македонскиот институт за медиуми.
Целта на конкурсот е да се поттикнат учениците и наставниците од средните училишта да создаваат мултимедијални продукти со кои ќе ги претстават училишните активности посветени на меѓуетничка интеграција во образованието и да ја зајакне соработката меѓу различните етнички заедници.
Право на учество имаат сите државни средни училишта од Република Македонија, кои може да аплицираат со видео приказна, фото-сторија и мултимедијална сторија (комбинација од текст, видео, аудио, фотографија).
Мултимедијалните продукти, заедно со формуларот за аплицирање треба да се испратат исклучиво по електронски пат на адреса: konkursipmio@gmail.com , со назнака „Апликација за конкурсот Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“ најдоцна до 31 јануари 2015 година.
За трите најдобро пласирани училишта, ќе се доделат камера ГоПро 3, лап-топ и дигитален фотоапарат.