Градот Трондхајм во Норвешка го реши проблемот на велосипедистите со стрмните ридови воведувајќи ескалатор за велосипеди.
Ескалаторот „Trampe lift“ првично бил измислен во деведесетите, но неодамна беше надграден и обновен од CycloCable. Досега,
200 илјади велосипеди поминале 150 метарската пречка. За кратко време, ова прерасна и во туристичка атракција.
Велосипедистите го поставуваат едното стапало на платформата, а ескалаторот ги турка нагоре. Ескалаторот можат да го користат до пет луѓе истовремено и не е ограничено само за велосипедисти. Него можат да го користат и децата и мајките со количките за бебиња.
Со поставувањето на ескалаторот би се зајакнал велосипедизмот во ридските градови, но за еден метар потребни се 2 000-3 000 долари.